слуги, ковачи, бунарџии, кожари, кројачи, златари, чува - ри, курири, месари, но и работи кои во 16 век не биле оче кувани за Ромите, како калуѓери, оператори, правници, јани - чари и спахии. Но, во сите списи се опишуваат како луѓе со те - мен тен, кои танцуваат, свират, пеат, гатаат “Еден волшебник го предупредил индискиот крал дека непри - јателот ќе го нападне неговото кралство и ќе му го уништи се- мејството. Меѓутоа, напаѓачот ќе биде немоќен ако ги нападне Ромите. Затоа, кралот го повика ромскиот водач и во тајност му ја довери на чување единствената ќерка, Ган. Водачот на Роми - те требало да ја чува Ган и таа да биде безбедна како негово ви- стинско дете...”. Ова е една од легендите за “настанокот на Ро ми те” со која почнува книгата Кратка историја на Ромите на- пишана од Љатиф Демир и од Рајко Ѓуриќ. Според неа, ромски - те митови и легенди може да се третираат и како еден вид исто риски извори бидејќи поради преселбите на ромскиот на - род, Ромите не оставиле пишани документи за нивната истори - ја. Други пишувале за нив. Авторот Љатиф Демир вели дека Кратката историја на Ромите е напишана врз основа на полициски и црковни архиви за појаву- вањето, животот и преселбата на Ромите. - Ромите не потекнуваат од Египет, туку од Индија. До 2005 го- дина се веруваше дека Ромите немаат историја. Тие живеат на- спроти историјата, а не со неа. Не биле предизвикувачи на вој ни, но ја напуштиле Индија поради војните и го почнале с во е то патешествие – вели Демир. Според податоците изнесени во книгата, во времето на Чандра- гупта, Индија воспоставила врски со западниот свет, а за време на Ашок (273-232 п.н.е.) инаку, внук на Чандрагупта, царството било зголемено, а Индија станала важен меѓународен центар. То гаш настапило времето на големиот развој на Арапите кои во седмиот и во почетокот на осмиот век, стигнале во Ирак, Иран и во централна Азија. Следеле походите на Махмуд од Газни кој ја нападнал Индија дури 17 пати, како и походите на Муха- муд од Гора, Џингис Кан и Тамерлан. Во понатамошниот пери - од историјата на Индија повеќе не влијаела на судбината на Ро мите. Тие веќе биле надвор од нејзините граници. Многу од нив стигнале во Европа каде што биле изложени на непрестај - ни прогони. - Ромите во Индија се однесуваат многу поинаку, многу подис- циплинирано од Ромите во Европа бидејќи Ромите во Европа не се прифатени како луѓе. Историјата на Ромите е многу тем - на. Затоа во книгата има цртежи наместо фотографии. Колори- тот и живоста на боите на цртежите ја намалува темнината на текстот, на историјата - објаснува Демир. Иако се уште не е научно докажано, помеѓу петтиот и шестиот век, Ромите стигнале во Иран и Авганистан. Околу 855 година биле во Византија, а околу 1068 година биле забележани на ост- ровот Атос. Во 13 век се појавуваат на Балканот. При доаѓањето на Балканскиот Полуостров Ромите најпрвин биле припадници на христијанската религија. Под власта на Турците тие масовно го примиле исламот. Но, и покрај тоа, во населбите и во тврди- ните биле одделна група. Правата и обврските на Ромите во јужнословенските земји под турска власт, биле ре- гулирани со општествени и законски норми кои важеле за гра - ѓа ните на Турското царство, а постоеле и други кои важеле са мо за Ромите. Притоа, едни важеле само за Ромите муслима - ни, а други само за Ромите христијани. Ромите, според податоците во Кратката историја, работеле како слуги, ковачи, бунарџии, кожари, кројачи, златари, чувари, ку - ри ри, месари, но и работи кои 16 век не биле очекувани за Ро - ми те, како калуѓери, оператори, правници, јаничари и спахии. Но, во сите списи се наоѓаат како луѓе со темен тен, кои сакаат да танцуваат, свират, пеат, гатаат. Ромите во Романија биле продавани и како робови. Дури во 1848 година во Букурешт е објавена големата револуционерна декларација според која “Романскиот народ се срами што држи робови”. Најголемите прогони против Ромите се за време на Вто рата светска војна каде повеќе милиони Роми се испратени во концентрациони логори во Европа. - Најмрачниот дел од историјата на Ромите е геноцидот. Не са- кавме многу да опишуваме за овој период, ниту да објавуваме фотографии бидејќи тие се навистина застрашувачки. На при- мер, во логорите, иако Ромите ја делеле истата судбина со Ев - реите, тие пак биле сметани за граѓани од втор ред. Дури и во логорите – вели Демир. Според него, најголем акцент од кратката историја на Ромите треба да им се даде на корените на предрасудите кон темните туѓинци, како што пишува во книгата. “Љубопитни граѓани од сите класи се собирале за да се ѕве- рат во нив, да им гледаат на дланка, да ги гледаат акробатите или да купат рачно изработени производи. Убедувањето дека црната боја на кожата претставува инфериорност и зло веќе било добро зацврстено во европскиот ум. Најапсурдниот од расистичките ставови било обвинувањето дека и покрај не- поволната положба да се биде со потемна кожа во оп ште с тво - то на бели луѓе, Ромите намерно ја потемнувале својата кожа употребувајќи костени и други растенија. Кога ги слушале Ромите како зборуваат на својот мајчин јазик, луѓето речиси поверувале, а некои дури и денес сметаат дека Ромите на - мер но измислуваат јазик за да ги излажат останатите“. Љатиф Демир вели дека денешната историја не се разликува многу од досегашната историја на Ромите. - Ромите се уште живеат хаотично. Деведесет отсто се без работа, се борат за опстанок. За жал Ромите се народ кој не учи од сопствената историја – смета тој. На прашањето дали миграцијата кај Ромите продолжува и денес иако таа во ера на глобализација е присутна и кај дру- гите народи, Демир предвидува: - Ромите мигрирале и ќе мигрираат и ако не се подготвени, историјата ќе се повтори и “градските порти” пак ќе им се затворат и ќе почнат нови прогони и нови напади во Европа. За јазикот пак, Демир вели дека денес, 250 милиони Роми во светот го зборуваат универзалниот ромски јазик. И дека ако Ром од Македонија се сретне со Ром од Индија тие лесно ќе може да се разберат. КРАТКА ИСТОРИЈА НА РОМИТЕ Корените се од Индија Љубица Гроздановска ДЕКЕМВРИ 2008 МОЗАИК 9